„Емоции – допир со природата“ - изложбата на прилепчанката Александра Богоеска

„Емоции – допир со природата“ – изложбата на прилепчанката Александра Богоеска

Градоначалникот Илија Јованоски, синоќа ја посети изложбата на слики на прилепската уметница Александра Богоеска насловена „Емоции – допир со природата“. На изложбата која беше во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“  изложени беа шеснаесет дела.

„Емоции – допир со природата“ - изложбата на прилепчанката Александра БогоескаВо ликовниот израз на Богоеска се проткајува симболизмот. Посебноста во творештвото на уметникот се согледува во умешноста на пренесувањето на интимните индивидуални, емотивни и психофизички состојби преку различен симболичен  јазик.

Богоеска е родена на 14.05.1985 година во Прилеп. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, Скопје,  оддел скулптура, конзервација и реставрација. Има реализирано групни изложби во Македонија и во странство, а учествувала и  на голем број колонии низ земјата и во Србија. Изработува скулптури, мозаици, слики.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …