Неизвесно е колку ќе биде вон функција патот Кочани – Делчево кај Истибања

Неизвесно е колку ќе биде вон функција патот Кочани – Делчево кај Истибања

Со мерење и испитување следено со расчистување на камењата, денеска „Македонија пат“ ги започна активностите на санирање на големото свлечиште, коe со себе повлече цел рид и го затрупа патот Кочани – Делчево кај селото Истибања. Засега никој не се осмелува да прогнозира колку ќе биде затворен за сообраќај овој пат што води кон границата со Република Бугарија.

-Сообраќајот во наредните денови ќе се одвива по алтернативни патишта. Лесните и полулесните возила ќе можат да го користат патот преку село Бигла на релација Виница – Делчево, додека тешките товарни возила ќе сообраќаат на патот Виница – село Смојмирово – Делчево – соопштуваат од Македонија пат.

Новиот сообраќаен режим не им оди во прилог на компаниите, како „Лукоил“, кои редовно транзитираат на релација Штип – бугарска граница, во транспорт на нафтени деривати.

Свлечиштето во местото викано „Саваро“ почна да создава проблеми пред една недела, кога падна помала карпа и создаде одрони. Меѓутоа, сообраќајот се одвиваше во еден правец, се’ до вчера кога голема карпа целосно го затрупа патот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …