62 години од смртта на Методија Андонов - Ченто

62 години од смртта на Методија Андонов – Ченто

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп, денеска беше одбележана 62 годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.

„Денеска ја одбележуваме 62 годишнината од смртта на големиот борец и револуционер, Методија Андонов-Ченто, кој што остави трага во политичкиот живот во нашата држава. Тој беше првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и неговиот придонес за македонската држава ќе остане во сеќавањето на сите сегашни и идни генерации“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Освен градоначалникот Јованоски, пред споменикот на Методија Андонов – Ченто свежо свеќе положија претставници на Советот на општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и здруженија на бранители.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …