Свечена седница на Советот на општина Крушево по повод Денот на ослободувањето на градот

Свечена седница на Советот на општина Крушево по повод Денот на ослободувањето на градот

По повод Денот на ослободувањето на Крушево и Денот на независноста на нашата држава, денеска се одржа свечена седница на Советот на општина Крушево.

На свечената седница беше доделена Осмосептемвриска награда, како и три признанија и една пофалница.

Највисокото признание, Осмосептемвриската награда ја доби Горан Димишкоски, за афирмација на Крушево и за посебниот придонес во областа на спортот и туризмот со организација на 16.Светско првенство во параглајдинг.

Признание по повод Денот на ослободувањето им беа доделени на:

  • Итната медицинска помош при Здравствениот дом – Крушево, за посебен придонес во афирмацијата на општина Крушево во областа на здравството, како и за покажаната несебична активност и поддршка на сите манифестации кои ги организираше Општина Крушево;
  • Ташули Талески, за посебен придонес во афирмацијата на општина Крушево во областа на образованието;
  • Христо Велески, за посебен придонес во афирмацијата на општина Крушево во областа на образованието.

Пофалница по повод 8.Септември му беше доделена на Пингпонгарскиот клуб „Крушево“, за посебен придонес во афирмацијата на општина Крушево во областа на спортот и за остварените резултати на Балканското првенство.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …