Рускоска побара продолжување на притворот на Катица Јанева

Рускоска побара продолжување на притворот на Катица Јанева

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,Вилма Рускоска побарaла притворот на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, да биде продолжен, а барањето било испратено денеска.

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува Јанева, вчера поднесе барање за укинување на мерката притвор.

Рускоска продолжувањето на притворот го бара поради опасност од бегство и опасноста да влијае врз сведоци или да уништи докази.

30-дневниот притвор на Јанева истекува в петок.

 

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …