Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ, малопродажната цена на бензините се зголемува од 2 до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека литар бензин „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 69,50 денари, „еуросупер БС 98“ ќе биде 72 денара, а „еуродизелот“ ќе се продава по 64 денари за литар.

Во споредба со минатата недела, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот бележат зголемување во просек за околу 8,97 отсто, кај дизелот зголемувањето во просек изнесува 5,35 отсто, кај екстра лесното масло 4,39 отсто, додека кај мазутот има зголемување во просек за околу 10,77 отсто.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …