32 издание на шаховскиот турнир за слепи лица

32 издание на шаховскиот турнир за слепи лица

 

Во организација на Здружението на слепи лица – Прилеп, денеска започна традиционалниот дводневен шаховски турнир, на кој учество зедоа 20 шахисти од повеќе градови од нашата држава.

Претседателот на прилепското Здружение на слепи лица, Благој Мишовски рече дека традицијата на одржување на шаховскиот турнир се должи на упорноста на сите членови на Здружението, но и на помошта која доаѓа од Општина Прилеп.

32 издание на шаховскиот турнир за слепи лицаТурнирот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски кој нагласи дека Здружението на слепи лица од градот секогаш ќе ја има поддршката на Општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски и општинскиот Совет, не само за оваа манифестација, туку и за сите други активности кои во текот на годината ги одржува Здружението.

Годинешниот дводневен шаховски турнир во организација на Здружението на слепи лица од Прилеп, е 32 по ред и на него учествуваат членови од најголемиот дел од 17. Здруженија на слепи лица во Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …