За 2020 година ќе се распределат 1440 годишни и 2280 месечни транспортни дозволи

За 2020 година ќе се распределат 1440 годишни и 2280 месечни транспортни дозволи

Ве информираме дека минстерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари средба со претставниците на Макам–Транс на која се разговараше за претстојната расределба на транспортни дозволи за 2020 година.

Во своето обраќање министерот Сугарески потенцираше дека електронскиот систем за распределба на транспортните дозволи е максимално функционален и се базира на доверба и транспарентност. Целта како што истакна министерот е обезбедување на што поголема покриеност на транспортерите со дозволи, а од друга страна на транспарентен начин да се изврши дистрибуција на дозволите.

“Во месец октомври следи апликацијата за годишни ЕКМТ дозволи за 2020 година, која ја очекувате со нетрпение. На располагање се 139 базни дозволи.

За следната година, Министерството за транспорт и врски ќе распредели 1440 годишни ЕКМТ дозволи за возила со Еуро 6 стандард. Имајки го во предвид и возниот парк на превозниците во нашата држава оваа година се одлучивме да обезбедиме доволен број на месечни ЕКМТ дозволи за возила со Еуро 5 стандард и за таа цел за следната година Министерството за транспорт и врски ќе издаде 2280 месечни ЕКМТ дозволи за Еуро 5 возила”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

За 2020 година ќе се распределат 1440 годишни и 2280 месечни транспортни дозволиМинистерот Сугарески потенцираше дека министерството континуирано ја следи динамиката на трошењето на поединечните транспортни дозволи и врз основа на тоа  се обезбедија дополнителни количини на транспортни дозволи.

“Остваривме повеќе контакти со ресорните министерства од други државни за обезбедување на дополнителни  дозволи и врз основа на таа соработка, Република Турција достави дополнителни 100 билатерални транспортни дозволи за празни камиони и 100 дозволи со важност за и од трета земја, Австрија достави 250 универзални транспортни дозволи, а Република Бугарија ќе достави 150 дополнителни транспортни дозволи за и од трета земја”, изјави министерот Сугарески.

Електронското аплицирање за транспортни дозволи за 2020 година ќе се врши од 13 до 15 октомври.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …