Народна банка: Растот на БДП во првата половина од годината изнесува 3,6 проценти

Народна банка: Растот на БДП во првата половина од годината изнесува 3,6 проценти

Растот на домашниот бруто-производ БДП во првата половина од годината изнесува 3,6 проценти, објави Народна банка.

„Засега, расположливите високофреквентни показатели за периодот јули ‒ август главно упатуваат на натамошен раст на економската активност, при засега поповолни поместувања во индустријата, трговијата и градежништвото, во однос на претходното тримесечје“, велат од Народна банка.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите девет месеци од годинава изнесува еден процент при што растот на цените е помал од очекуваниот.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за септември покажуваат нивен натамошен раст на годишна основа, согласно со очекуваната патека во рамки на априлските проекции.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …