Карактеристичниот геолошки профил – Ѕвегор прогласен за природна реткост

Карактеристичниот геолошки профил – Ѕвегор прогласен за природна реткост

Специфичниот геолошки профил на карпи кај делчевското село Ѕвегор е прогласен за природна реткост. Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на Законот за заштита на природата донесе Решение со кое му се доделува статусот на природна реткост на карактеристичниот геолошки профил во Ѕвегор кој се наоѓа на околу 1 км северно од селото Ѕвегор на надморска висина од 740-850 метри на источните падини на возвишението Илин Камен до патот кој води за граничниот премин со Република Бугарија и зафаќа површина од 7,8 хектари.

Со природната реткост Карактеристичен геолошки профил- Ѕвегор управува Општина Делчево, а со цел да се спречи оштетување, уништување или нагрдување на природната реткост, општината ќе презема активности за чување и одржување на природната реткост.

Инаку, Министерството за животна средина и просторно планирање досега за природна реткост на подрашјето на Општина Делчево, освен карпите кај Ѕвегор за природна реткост неодамна ја прогласи и Киселичка пештера, додека во тек е постапката за локалитетот кај Стамер кое е познато палеонтолошко наоѓалиште на пикерминска фауна.

Претходно, во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР), Општина Делчево изработи три елаборати за валоризација на природната реткост на познатите локалитети.

Прогласувањето на овие три локалитети за природна реткост ќе придонесе за заштита на значајните локалитети, но и нивно ставање во функција на туризмот која е приоритетна цел во ЛЕР на Општина Делчево.     

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …