Македонскиот кандидат за „Оскар“, „Медена земја“ од утре пред љубителите на филмската уметност во Прилеп

Македонскиот кандидат за „Оскар“, „Медена земја“ од утре пред љубителите на филмската уметност во Прилеп

„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ е најнаградуваниот македонски документарец, кој со победата во три категории триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“и кој е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, од 17 до 22 октомври со почеток во 20.00 часот, ќе се прикажува во кино „Мис Стон“ во Прилеп.

За овој филм, познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“. Притоа, холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“

Освен во кино салите низ Македонија, филмот деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Ати
џе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите
ја плаќаат цената!

Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска

Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума

Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев

Музика: „Фолтин“

Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …