Предвремените избори во април ќе го пролонгираат пописот

Предвремените избори во април ќе го пролонгираат пописот

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски рече дека одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

– Терминот април е непогоден за спроведување на пописот имајќи предвид што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така е технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април – изјави Симовски.

Тој не кажа кога и како евентуално би се спровел пописот, бидејќи парламентот треба да го донесе Законот за попис, претходно со одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …