Лидерот на Исламска држава Ал Багдади си го активираше експлозивниот појас

Лидерот на Исламска држава Ал Багдади си го активираше експлозивниот појас

Најбараниот светски терорист загинал во операција на американската армија во Сирија. Претседателот на САД, Доналд Трамп ја твитна веста, а потоа имаше и ТВ обраќање.

Абу Бакр ал-Багдади се разнел со експлозивен појас откако бил откриен од американската армија на границата меѓу Сирија и Турција. Ирачанецот Ал Багдади беше лидер на Исламската држава која во еден период контролираше огромен дел од територијата на Сирија и Ирак. Тој се сметаше за одговорен за илјадници убиства на верски малцинства на Блискиот исток, како и за серија терористички напади на пет светски континенти.

Трамп утрово по американско време, во телевизиско обраќање до нацијата рече дека Ал Багдади загинал „како куче“ и „како кукавица“ и дека притоа „убил три деца“. Во операцијата на американската армија, според Трамп, загинале и голем број поддржувачи на Багдади.

Трамп соопшти дека САД добиле голема помош за операцијата од Русија која им „го отворила воздушниот простор“, како и на теренот од локалните Курди.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …