Пакети со храна за социјално ранливи семејства од општина Аеродром

Пакети со храна за социјално ранливи семејства од општина Аеродром

Вработените од Општина Аеродром обезбедија пакети со храна, кои во соработка со Црвен крст – Кисела Вода им ги поделија на повеќе семејства од социјално ранлива категорија кои што живеат на територијата на општината.

Оваа хуманитарна акција се организираше по повод кампањата „Денот на гладот“, која годинава се реализира под мотото „Помислете и на нас…“.

Црвен крст на Град Скопје и општинските организации на Црвен крст ‒ Кисела Вода секоја година се трудат да обезбедат што повеќе средства од донатори со цел да бидат задоволени потребите со храна на голем број сиромашни семејства што живеат на територијата на Град Скопје.

Општина Аеродром заедно со своите вработени секогаш ги поддржува ваквите хуманитарни акции со цел да им помогне на оние граѓани на кои најмногу им е потребна помош.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …