Акција за садење дрвја во Ново Лисиче

Акција за садење дрвја во Ново Лисиче

Општина Аеродром и „Ротаракт клуб“ − Скопје викендов спроведоа акција за садење дрвја во паркот „Нинберг“ во Ново Лисиче. Станува збор за неколку вида садници: јасен, јавор и платан. Во акцијата се вклучија и дел од членовите на Советот на Општина Аеродром. Вакви акции со засадување ќе продолжат и во наредниот период на повеќе локации низ Општината.

Исто така, ЈП „Паркови и зеленило“ во рамките на есенските активности ги разубави булеварите „Србија“, „Јане Сандански„ и „АСНОМ“, како и парковите засадувајќи висококвалитетни дрвја.

Во наредниот период со вакви активности ќе се вклучи и Општина Аеродром со цел зголемување на зеленилото во Општината, што ќе придонесе за почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …