Со средства на Владата, инфраструктурно ќе се уредува параглајдинг центарот на Мечкин Камен

Со средства на Владата, инфраструктурно ќе се уредува параглајдинг центарот на Мечкин Камен

Општина Крушево ќе го реконструира полетиштето  за натпреварите во параглајдинг на Мечкин Камен и ќе изгради објект за следење на натпреварите, канцелариски простор за учесниците и слични содржини. Ова е разврската после одлуката на Владата да го прифати барањето на општина Крушево за изградба на дел од инфраструктура на полетиштето и за таа цел да издвои 4,2 милиони денари.

Ваквата одлука е донесена на редовната 171 седница на Владата, кога и беше прифатено барањето на Општина Крушево за финансирање на проектот „Изградба на дел од инфраструктура во Центар за параглаjдинг во Крушево.

„Крушево ќе добие нов реконструиран параглајдинг центар на веќе постојното полетиште на Мечкин Камен и контролна кула за следење на натпреварите за параглајдерство и змејарство. Со тоа, Општина Крушево ќе биде целосно подготвена за Светското првенство во змејарство кое ќе се одржи во 2021 година, како и за многу други меѓународни натпревари кои ќе следат“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …