АМСМ: Поради сообраќајна незгода, во прекин сообраќајот на автопатот Велес - Скопје

АМСМ: Поради сообраќајна незгода, во прекин сообраќајот на автопатот Велес – Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Во моментов, на автопатот Велес – Скопје, кај м.в.Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, Кула – Катланово, Охрид, Струга, Штип и видливост до 100 метри има Страцин, Сарамзалино, Велес, Македонски Брод, КриваПаланка, Тетово, Гостивар, Битола, Ресен и Кичево.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …