Крушево: Потпишан договор за продажба на 6 градежни парцели во месноста „Станич“

Крушево: Потпишан договор за продажба на 6 градежни парцели во месноста „Станич“

Денеска во Крушево беше потпишан договор за продажба на 6 парцели, кои се наоѓаат на ски-терените во месноста „Станич“ од страна на Специјал Градба. Секоја од парцелите на кои ќе се градат објекти од услужна туристичка дејност, а чиј нов сопственик е фирмата „Специјал Градба“, е со големина од над 300 метри квадратни.

За градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски потпишувањето на договорот е уште еден индикатор за поголем развој на туризмот во Крушево и, генерално, подигнување на локалниот економски развој.

„Го потпишавме договорот за парцелите на ‘Станич’ со ‘Специјал Градба’ и со тоа продолжуваме со инвестирање и развој во туризмот. Овој договор ќе донесе нови туристички објекти на ски терените, што пак ќе генерира подобри услуги, побогата туристичка понуда, вработувања и поттикнување на локалниот економски развој. Крушево се развива и од аспект на инвестирање во општата инфраструктура, но и во развој на приватниот сектор“, изјави градоначалникот Христоски.

Покрај продажбата на овие шесте парцели, продадена е уште една парцела од 23.000 квадратни метри, на која компанијата СЕКЕ ќе ги проширува своите капацитети.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …