Битола добива затворен пливачки базен

Битола добива затворен пливачки базен

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, денеска беа на увид на локацијата на која беше поставен камен темелник за изградба на нов, современ, затворен пливачки базен.

Агенцијата за млади и спорт го реализира едно од најголемите ветувања на владината програма и повеќегодишно барање и потреба на граѓаните од Битола. Базенот чини 43.340.237,00 денари, а неговата изградба ќе трае 18 месеци.

Освен во Битола, во првата фаза од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 14 затворени базени, досега започна изградбата на 6 затворени пливачки базени, во Тетово, Кичево, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Штип.

Прочитајте повеќе

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Двајца членови на избирачки одбор од Охрид, предложени од една политичка партија имале фотографии од …