Општина Аеродром: Настава без мобилни телефони

Општина Аеродром: Настава без мобилни телефони

Општинското основно училиште „Александар Македонски“ од општина Аеродром, во соработка со Советот на родители донесе одлука за забрана на употреба на мобилни телефони за време на часовите.

За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот. Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес.

Надлежните од Општина Аеродром ги поттикнуваат и другите училишта во општината да ја применат оваа практика.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …