Спасовски на средба со Здружението на информатичко-комуникациски технологии

Спасовски на средба со Здружението на информатичко-комуникациски технологии

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, синоќа се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

На средбата беше разговарано за сите аспекти кои што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги.

Констатирано е дека за скоро време, постојат можности да се дојде до заедничко решение.

На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.

Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, постои согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …