#РаскажувамеЗаедно: Иницијатива на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата

#РаскажувамеЗаедно: Иницијатива на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата

Приказните за Марија Кири, Ана Павлова, Малала Јусафзаи, како и за други познати и непознати херои и хероини и инспиративни личности ќе бидат дел од најновата заедничка иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата. Преку проектот „Раскажуваме заедно“ децата од предучилишна и училишна возраст ќе слушнат приказни за развојот и успехот на поединци кои низ историјата, секој во своето време и во областа во којашто работеле, оставиле силна трага.

Со појавата и ширењето на епидемијата на вирусот ковид-19 се смени реалноста во којашто децата и младите учат и го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, преку оваа иницијатива на децата ќе им се понудат нови едукативни содржини. Целта на #РаскажувамеЗаедно е да го привлече и задржи вниманието на учениците и да стекнат нови знаења. Приказните од #РаскажувамеЗаедно ќе се емитуваат на јавниот сервис и на сите дигитални платформи на 5 Плус Фамилијата (Facebook, YouTube и Instagram).

Покрај г-ѓа Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности од земјава. Сите тие ќе ги раскажат своите омилени, или пак ќе ги споделат приказните за личностите коишто нив ги инспирирале да не се откажуваат од своите соништа и да бидат истрајни до исполнување на зацртаната цел.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија