Владата ја разгледува можноста за помош на Македонците во Голо Брдо и Преспа

Владата ја разгледува можноста за помош на Македонците во Голо Брдо и Преспа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија, придружуван од генералниот секретар на партијата, Таќо Гроздани.

На средбата е разговарано за начинот на којшто се справуваат со здравствено-економската криза Македонците кои живеат во Голо Брдо и Мала Преспа.

Разгледани се можности како Република Северна Македонија би можела да им помогне на социјално загрозените семејства во Голо Брдо и Мала Преспа, во справувањето со последиците од пандемијата.

На состанокот е констатирано дека добрите меѓудржавни односи на Северна Македонија и Албанија имаат одраз и во грижата за подигнување на квалитетот на живот на Македонците во Република Албанија, преку проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во местата во коишто живеат.

Прочитајте повеќе

Денеска и во текот на неделата променливо облачно и нестабилно време

Денеска и во текот на неделата променливо облачно и нестабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните …