Денеска нова лидерска средба во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Денеска нова лидерска средба во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Денеска со почеток во 12:00 часот, во Кабинетот на Претседателот на државата, Стево Пендаровски, ќе се одржи средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …