„Музичко другарување”, интерактивен музички настан пред прилепскиот Центар за култура

„Музичко другарување”, интерактивен музички настан пред прилепскиот Центар за култура

Вчера пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа интерактивен концерт за деца, насловен како „Музичко другарување”.

Концертот беше конципиран согласно протоколите за заштита од Ковид-19, а интеракцијата меѓу учесниците и најмладите беше на високо ниво.

Вчерашното несекојдневно музичко доживување со групата „Триангл“ имаше едукативен карактер и со него беа опфатени актуелни теми за чување на здравјето и бон тон правилата за добро однесување.

Целта на „Триангл“ и на ЦК „Марко Цепенков“ беше да придонесат за приближување на музиката до најмладите и за нивно едуцирање, што беше постигнато благодарение на одличниот тим кој го сочинуваа режисерот Десанка Глигоријевиќ, Симона Петровски (оперски пеач), Андреј Наунов (пијанист) и Јане Дунимаглоски (оперски пеач, гитара, мандолина).

Прочитајте повеќе

Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Трудот и работата на наставникот, смета професоро Колевски, која воопшто не е едноставна, е од …