Фотографија на денот: Лукашенко оди си!

Фотографија на денот: Лукашенко оди си!

Стотици илјади луѓе на опозициските протести во Белорусија вчера побараа оставка од претседателот Александар Лукашенко. Само во главниот град Минск се собраа повеќе од сто илјади луѓе.

Дел од учесниците на протестите се огледуваат и во очилата на демонстрантот на оваа #ФотографијаНаДенот. Луѓето излегоа на улиците и во голем број други градови во земјата. Во знак на мирен бунт против авторитарниот претседател на земјата многумина беа облечени во бело, а в раце носеа цвеќиња и балони.

Според најавите, денеска противниците на Лукашенко имаат намера да поднесат кривични пријави поради полициското насилство против мирни граѓани. На демонстрациите во Белорусија починаа најмалку две лица. Според медиумите, исчезнати се и околу 80 лица. Протестите, како што се најавува, нема да запрат и во деновите што доаѓаат.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …