Лукашенко ќе ги затвора фабриките чии работници протестираат против изборниот фалсификат

Лукашенко ќе ги затвора фабриките чии работници протестираат против изборниот фалсификат

Сите фабрики чии работници излегоа на штрајк после претседателските избори, од понеделник ќе добијат клуч на врата.

Тоа е одлуката на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој е единствената причина поради која незадоволни од изборниот резултат, работниците се приклучија на штрајкот на граѓаните.

Како што јавува агенцијата ТАСС, Лукашенко изјавил дека фабриките ќе бидат затворени, а одлуката кога работниите ќе бидат повикани на работните места, ќе биде донесена после смирувањето на состојбата.

После завршувањето на претседателските избори на кои победи Лукашенко, чија победа опозицијата не ја признава, во Белорусија секојдневно се одржуваат протести кои се поддржани од страна на работниците од многу фабрики.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …