23 години од смртта на принцезата Дајана

23 години од смртта на принцезата Дајана

На денешен ден пред 23 години, во сообраќајна несреќа загина принцезата Дајана, првата сопруга на Чарлс, принцот од Велс, најстариот син и наследник на кралицата Елизабета Втора.

Според официјалните информации, автомобилот на Дајана во кој се наоѓале и нејзиниот тогашен партнер Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол, околу полноќ се забил во еден од столбовите на тунелот во Париз, каде Дајана и Ал-Фајед го поминувале својот одмор. Возачот и Доди загинале на местото на несреќата, додека Дајана починала во болница, 4 часа подоцна.

И денес, 23 години после нејзината трагична смрт, принцезата Дајана останува една од најважните членови на кралското семејство во поновата историја. Истовремено не престануваат ниту шпекулациите и теориите на заговор, од тоа дека нејзината смрт е последица на трагична несреќа, до тоа дека се’ било испланирано и наместено.

Принцезата Дајана, или како што во целиот свет ја викаа „Лејди Ди, принцеза на народот“, е погребана на остров среде езерото, на семејниот имот Алторп.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …