Средба на министерот Маричиќ со претседателката на ДКСК Билјана Ивановска

Средба на министерот Маричиќ со претседателката на ДКСК Билјана Ивановска

Плодна дискусија за соработка се разви на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и Владимир Георгиев, член на ДКСК.

На состанокот се дискутираше околу одговорноста на институциите во реформите во правосудството, како и потребата за подобрување на соработката на институциите за водење на поуспешна превенција и активна борба против корупцијата.

Министерот Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка на Државната комисија за спречување на корупција во насока на унапредувањето на капацитетите за борба против корупција и посочи дека токму антикорупциската комисија е една од клучните институции во процесот на преговори со ЕУ. На средбата се дискутираше и околу исполнувањето на препораките од V- круг на ГРЕКО.

Прочитајте повеќе

Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин …