Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 30-ти септември:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 11 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест;
- Бројот на активни случаи изнесува 129, од кои 99 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекување;
- Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 80-годишна возраст;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 253 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 684.