Охридско Езеро порибено од албанска страна

Охридско Езеро порибено од албанска страна

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, беа збогатени со 1,7 милиони парчиња подмладок охридска пастрмка, соопштија од општина Подградец. На порибуваањето присуствуваа министрите за земјоделство шумарство и водостопанство од Македонија, Арјанит Хоџа и Бленди Чучи од Албанија.

-Од година в година се зголемува количината подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска е рекордна бројка.Тоа е резултат на нашата посветеност за збогатување на рибниот фонд – изјави Бленди Чучи, министер за земјоделство и рурален развој на Албанија.

Министрите потенцираа дека ќе продолжат засилените мерки за заштита на рибниот фонд и пред сè ригорозните казни за оние кои на недозволен начин ќе ловат риба. Најавија потпишување на билатерален договор за заеднички одржлив риболов на Охридското Езеро и Мала Преспа.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

сончево со облаци

Продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе се задржи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе …