Доделени наградите од 100.000 денари во рамките на Скопската фото недела

Доделени наградите од 100.000 денари во рамките на Скопската фото недела

Скопската фото недела која се емитуваше во живо од амфитеатарот на ФОН Универзитет а повеќе илјадна публика го следеше настанот – онлајн, заврши со голем број на предавања на експерти кои отворија нови димензии на културата во Скопје но и националната фотографска и кинематографска сцена.

Ани и Дими, Кристијан Теодоров, Ангел Анеловски, Тwo Clicks, Влатко Рафески, 3D Baba и Томислав Георгиев, беа дел од овогодинешните предавачи, а публиката можеше директно да поставува прашања и да експериментира со своите објективи во реално време.

Оваа година во рамките на скопската фото недела беше објавен и конкурс за најдобра фотографија на Скопје а во категорија од речиси 1200 пристигнати апликации од кои над 800 кои беа постирани на Инстаграм на хаштагот #SPW2020, 9 членото жири ги додели и паричните награди.

Првата награда од 50.000 денари ја доби Кристина Нановиќ, со фотографијата насловена „Early morning

Втората награда од 25.000 денари ја доби “ Александар Стојчевски, со фотографијата насловена „ЕВН“

Третата награда од 15.000 денари ја доби Александар Атанасовски, со фотографијата насловена „Рибарот под камениот мост“

Посебна награда за најдобра „инста фотка“ во висина од 10.000 денари ја доби корисничката @anemichaela и нејзината фотографија од ГТЦ.

Прочитајте повеќе

Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Трудот и работата на наставникот, смета професоро Колевски, која воопшто не е едноставна, е од …