Јованоски: Општина Прилеп има посебна причина да биде горда на човекољубието на нашите волонтери

Јованоски: Општина Прилеп има посебна причина да биде горда на човекољубието на нашите волонтери

Порака од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод 5 Декември, Меѓународниот ден на волонтерите:

На Меѓународниот ден на волонтерите, 5 Декември, кога ширум светот се организираат најразлични активности за оддавање признание за нивниот придонес во поддршката на различни категории на граѓани, Општина Прилеп и јас како градоначалник имаме посебна причина да бидеме горди на овој датум.

Имено, во најтешките моменти, кога се соочуваме со невидливиот непријател наречен Ковид-19, покрај ангажирањето на сите постојни ресурси во насока на справување со заразната болест, од првиот ден на почетокот на пандемијата, својата несебична помош ја дадоа и младите волонтери од нашата општина.

Во деновите кога на најранливите категории на наши сограѓани, на старите, болни и изнемоштени лица, на лицата со хронични заболувања и лицата со попреченост им беше повеќе од неопходна помош од трети лица, волонтерите од Општина Прилеп го покажаа своето човекољубие.

Заедно со доброволците и хуманите членови на спасителната служба „Златоврв“, волонтерите од нашиот град и денес се ставени во служба на граѓаните. Согласно сите пропишани заштитни мерки, опремени со заштитна опрема заради лична заштита и заштита на граѓаните кои ги опслужуваат, овие млади и храбри луѓе секојдневно вршат набавка и достава на храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезинфенција.

На сите ним, од мое лично име и од име на граѓаните на општина Прилеп, им изразувам огромна благодарност и почит за нивниот ангажман.

Нека е честит 5 Декември, Меѓународниот ден на волонтерите!

Прочитајте повеќе

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците …