„#КажиНе на насилство врз жени и девојчиња!“, видео конференција во организација на Општина Прилеп

„#КажиНе на насилство врз жени и девојчиња!“, видео конференција во организација на Општина Прилеп

По повод 16-дневниот активизам насочен против родово базирано насилство и насилство врз жената, под мотото „#КажиНе на насилство врз жени и девојчиња!“, денеска на платформата Zoom се одржа конференција организирана од страна на Општина Прилеп.

Покрај претставниците на Општина Прилеп и Центарот за граѓански иницијативи, на конференцијата учествуваа и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп, Дејан Тошески, началникот на крим-полиција во ПС Прилеп, Емилија Велкоска, како и Аксиња Гарбеска Кебакоска, специјалист по социјална медицина од Центарот за јавно здравје.

„Како една од институциите која се занимава со проблематиката на превенција и заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство, правевме подготовки очекувајќи дека со ставањето на населениото во карантин и ограничувањето во движењето, ќе имаме нагло зголемување на појавата на семејно насилство. За наша среќа, статистичките податоци покажуваат дека за време на карантинот имавме благо зголемување на пријавите за семејно насилство, но кога ќе се земе просекот за 2020 година, ние како институција не бележиме значајно зголемување на овој вид на пријави на територијата на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Бројката на пријавите на семејно насилство во овој момент се движи околу 240“, истакна директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп, Дејан Тошески.

„Полициските  службеници  се  обврзани  за  укажување  помош  и  заштита  на  граѓаните во  случај  на  неопходна  потреба  на  полето на  семејното  насилство,  што  вклучува  заштита  на  лицата  жртви,  откривање  на  сторителите и спречување на семејното насилство. Сакам да ја истакнам официјалната евиденција на аналитика при ОВР Прилеп, каде можеме да констатираме дека има благо опаѓање на овој вид кривични дела. Во 2018 година биле поднесени вкупно 69 кривични пријави до ОЈО Прилеп, од кои 31 се отфрлени. Мината 2019 година поднесени беа вкупно 64 кривични пријави од кои 27 се отфрлени, додека оваа 2020 година од поднесените 55 кривични пријави, 18 беа отфрлени. Ги охрабруваме сите жртви кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192 или најблиската полициска станица“, рече Емилија Велкоска од ОВР Прилеп.

„Од податоците на светско ниво, една од три жени во својот живот доживуваат некаков вид на насилство од својот интимент партнер, а 38 % од убиствата на жените се извршени од страна на нивниот интимен партнер. Овој проблем е глобален и последиците се далекусежни, итоа не само на жртвата од семејно насилство, туку и нејзиното семејство и децата но и врз цело општество. 45 % од жртвите на родово базирано насилство имаат нарушување на нивното здравје, како физичко така и ментално здравје. Тоа се манифестира со пострауматски стрес, од главоболка и пореметување на сонот до длабока депресија и суицидални мисли, кои завршуваат со самоубиства, што е за жал најкрајната и најтешката последица. Неретко жртвите на насилство посегнуваат по алкохол и дрога. Жените кои што во својот живот доживеале сексуално насилство имаат 1.5 % поголеми шанси за добивање на сексуално преносливи болести, а бремените жени кои доживеале сексуално насилство имаат 16 % поголеми шанси за спонтан абортус и 45 % повеќе шанси за предвремено раѓање“, потенцираше Аксиња Гарбеска Кебакоска од Центарот за јавно здравје.

Прочитајте повеќе

Изборите неодржани, а власта се дели како на пазар

Изборите неодржани, а власта се дели како на пазар

Фрчат фактури од сите страни за наплата на својот дел од „твоја Македонија“ како да …