Иницијатива за Конгрес: Мицкоски нема капацитет да ја води ВМРО ДПМНЕ, време е за оставки

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски нема капацитет да ја води ВМРО ДПМНЕ, време е за оставки

Групата актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат одржување на вонреден конгрес за избор на ново раководство, побараа оставка и одговорност од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, по изборите во Штип.

„Јасно е дека сеуште актуелниот претседател, нема капацитет да ја води партијата. Време е за оставки и одговорност. Политиките на сеуште актуелниот претседател Христијан Мицкоски носат само порази и ја уништуваат ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ денеска слави во Штип, а членовите на ВМРО-ДПМНЕ се понижени и потиштени бидејќи првиот човек не им дозволи да се борат за вмровскиот бастион. Во ситуација на здравствено-економска криза, бугарско вето и бројни скандали, СДСМ успеа да добие 1.600 гласови повеќе од гласовите кои ги освои во јули во Штип. Почист и појасен показател дека граѓаните не гледаат алтернатива во Мицкоски, нема“, се вели во соопштението од иницијативата за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Канал 5

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …