Министерството за правда ги испрати документите за екстрадиција на Игор Спасов

Министерството за правда ги испрати документите за екстрадиција на Игор Спасов

Нашата земја и официјално побара екстрадиција на Игор Спасов. Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, Министерството за правда го испрати барањето до бугарските власти, кои понатаму ќе постапуваат по истото. Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ.

Бугарската полиција го уапси Спасов на први февруари оваа година, по претходно распишана меѓународна потерница од македонските власти.

Игор Спасов е поранешен специјалец од МВР, кој беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.

Тој беше осуден на 14 години затвор, а по него се трага од октомври 2019, откако претходно одлежа околу половина од затворската казна.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …