Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Судскиот совет денеска донел одлука за разрешување на судијката Софија Лаличиќ, објави Судскиот совет на својата официјална интернет страница. Според истата објава, одлуката за разрешување на судијката Лаличиќ била донесена со 11 гласа „За“ и два гласа „Против“.

„Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, стои на веб страницата на Судскиот совет.

Името на судијката Лаличиќ стана познато во јавноста откако СДСМ ги објави т.н. бомби, односно снимките од незаконското масовно прислушување, за што пред десетина дена беше донесена и првостепена пресуда за обвинетите, опфатени со предметот „Таргет Тврдина“.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …