„РУЗВЕЛТОВА“ СО ЛИК ДОСТОЕН ЗА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ЈАДРО НА БИТОЛА

„РУЗВЕЛТОВА“ СО ЛИК ДОСТОЕН ЗА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ЈАДРО НА БИТОЛА

Општина Битола ја започна реконструкцијата на ул. „Рузвелтова“, која иако е сместена во срцето на градот, претставуваше горлив проблем, особено во дождливите денови, кога практично по неа не можеше да се помине.

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, по координацијата со сите инволвирани страни за реализација на овој проект, изврши увид на терен во почетните реконструктивни зафати.

Реконструкцијата на ул. „Рузвелтова“ опфаќа промена на канализационата мрежа, на која ќе работат екипите на КЈП „Нискоградба“, промена на водоводните приклучоци од страна на екипите на ЈКП „Водовод“, како и приватни субјекти за коловоз и улично освсетлување. Паралелно со реконструктивните зафати и новото улично осветлување, ќе се врши замена на надземните водови со подземни. Вредноста на овој проект изнесува околу 6.000.000 денари.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …