Влада

Владата денеска ќе ја одржи редовната 59 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска, меѓу другото, ќе ја одржи редовната 59 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница ќе биде разгледана информацијата за статусот на надградба на системот на Агенцијата за вработување, за поврзување со Централниот регистар на население.

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на оваа седница ќе се утврдува текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција.

На дневниот ред на седницата е и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Страните на Северноатлантскиот договор за безбедност на информации.

Министерството за правда ќе реферира за напредокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија”, а Министерството за информатичко општество и администрација ќе информира за формирањето на Меѓуресорска работна група за меѓусебно усогласување и измена на законите и подзаконските акти поврзани со градење и електронските комуникации.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …