Нов асфалт за главната сообраќајница во Крушево

Нов асфалт за главната сообраќајница во Крушево

Со поставување нов асфалт на потегот од влезот во градот, па се’ до спомен куќата „Тодор Проески“, започна реконструкцијата на главната сообраќајница во Крушево.

„Како што најавивме, денеска започнуваме со работа на главната сообраќајница и за многу брзо нов асфалт ќе биде поставен на најпрометниот дел од градот. Со ова ќе овозможиме квалитетен и безбеден пат и подобра проодност на граѓаните, но и на туристите кон спомен куќата на Тоше, споменикот ‘Илинден’ и Крушевско езеро. Крушево се менува!“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …