Во Атина премиерот Заев ја завршува европската турнеја

Во Атина премиерот Заев ја завршува европската турнеја

Премиерот Зоран Заев ќе ја заврши европската турнеја, во текот на која престојуваше во Брисел и во Мадрид, со денешната работна посета на Атина и со учество на Економскиот форум Делфи. Тој ќе биде придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за економија Крешник Бектеши.

Во Атина, Заев ќе има средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. На маргините на Економскиот форум Делфи, Заев ќе има одделни средби со Алексис Ципрас, поранешен премиер на Грција и лидер на СИРИЗА, со Тони Блер, поранешен премиер на Британија, како и со други политички претставници од меѓународната сцена и со претставници на компании и стопански комори.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …