Засилени активности на ОВР Прилеп за спречување на бесправна сеча и транспорт на огревни дрва

Засилени активности на ОВР Прилеп за спречување на бесправна сеча и транспорт на огревни дрва

Во периодот од 28.05.2021 до 03.06.2021 Одделението за внатрешни работи Прилеп презеде засилени активности за откривање и спречување на бесправна сеча, транспорт, складирање и трговија со огревно дрвна маса. Во овој период привремено се одземени 11 возила кои се користеле за транспорт на дрвна маса, а одземена е и поголема количина на дрвна маса, која била предадена на шумската полиција.

Исто така, во наведениот период од слобода се лишени четири лица, за кои по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Прилеп.

Извор:МВР

Прочитајте повеќе

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците …