Со спуштање на барјакот на слободата, синоќа заврши манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“

Со спуштање на барјакот на слободата, синоќа заврши манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“

Со настапот на бендот „Инвиктус“ и спуштање и засолнување на барјакот на слободата, синоќа беше затворена манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

Годинешната програма понуди богата содржина, а градоначалникот на општина Крушево и претседател на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“, Томе Христоски, изрази задоволство што преку манифестацијата се промовира богатото културно богатство.

„Драго ми е што понудивме многу содржини во рамки на програмата и тоа е препознато кај посетителите. Преку понудените содржини, во изминатите 10 дена го промовираме изворното наследство на Крушево и на Северна Македонија. Тоа е нашата традиција и култура изразена преку музички групи, изложби, ревии и слично“, изјави Христоски.

Од Општина Крушево изразуваат задоволство заради големата посетеност на НКС „Десет дена Крушевска Република“ во сите 10 дена од нејзиното траење, а таквата посетеност на Крушево се очекува да продолжи до крајот на август.

Прочитајте повеќе

полиција

Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран

Осомничениот бил брат на убиениот маж Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по …