Влада

Владата ќе ја одржи редовната 127 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната, 127 седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе предлог-закони и тоа: за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии.

На предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Северна Македонија со Предлог-одлука за одобрување на средства на Развојната банка за формирање на Фонд за развој.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …