Најмалку 27 загинати при можен подметнат пожар во јапонска клиника

Најмалку 27 загинати при можен подметнат пожар во јапонска клиника

Над дваесетина луѓе загинале кога пожар зафатил медицинска клиника во јапонскиот град Осака. На 27 лица им бил дијагностициран „срцев удар и респираторен застој“. Овој термин често се користи во Јапонија пред официјално да се потврдат смртните случаи.

Полицијата истражува дали пожарот бил подметнат, јавуваат јапонските медиуми, наведувајќи дека ден постар маж наводно донел кеса од која истекла запалива течност и се запалила. Се верува дека мажот бил пациент во клиниката за ментално здравје, сместена на четврти кат од висококатницата. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот бил изгаснат.

Пожарот избил набрзо откако клиниката, која се наоѓа на четвртиот кат од осмоскатна деловна зграда, започнала со работа во 10 часот по локално време.

На снимките се гледа како излегува чад од прозорците од четвртиот кат и од кровот.

Во зградата се наоѓа клиниката, училиште по англиски јазик и уште неколку компании.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …