Протест

Една година од протестите и упадот во Капитол во САД

Минатата година, на 6-ти јануари голема група на поддржувачи на пронаешниот претседател на САД, Доналд Трамп се собраа пред зградата на конгресот протестирајќи ја одлуката добиена по изборите во 2020 година и поргалсувањето на новиот и сега актуелен претседател, Џо Бајден.

Протестот е забележан како вистински историски ужас во кој беа нападнати полициски службеници, ранети повеќе од 150 луѓе и имаше петмина мртви. Покрај тоа, бунтовниците вршеа вандализам на територијата на Капитол и зградата беше окупирана со часови.

Една од фотографките на Ројтерс ја направи фотографијата што за многумина е реалниот приказ на големите протести што избувнаа минатата година. Леа Милис сега претставува свој документарен филм посветен на фотографијата и приказната за тоа како е направена. Во својот краток филм таа зборува за нејзиното искуство тој ден, причината поради која морала да облече заштитен панцир и зошто некои луѓе одбиваат да ја принзаат сликата како вистинска кога тоа е она што се случи тој ден.

Краткиот десетминутен филм може да го погледнете ТУКА.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …