Денеска и за викендот сончево и студено, од вторник дожд и снег

Денеска и за викендот сончево и студено, од вторник дожд и снег

Во утринските часови од денешниот ден времето ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево, во североисточните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 3 до 9 степени Целзиусови, а во текот на ноќта и рано наутро температурата ќе се спушти до 12 степени под нулата.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …