Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.

Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и најтопло да ви посакам празникот да го поминете пред сѐ во добро здравје, исполнети со мир, хармонија и со радост.

И годинава како и минатата, Богојавление – Водици го празнуваме соочени со сѐ уште присутната епидемија на КОВИД-19, како и со бројни економски и општествени предизвициНека осветувањето на македонските води  биде наша духовна поткрепа во надминувањето на сите тешкотии. Со смирение и со молитва, солидарни и грижливи да се издигнеме над сите неволји и проблеми. Да ги наполниме срцата со надеж и со верба и да даруваме безусловна љубов на ближните.

Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!

Бог се јави!

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …