Пензионери во парк пензии

Во среда започнува исплатата на јануарските пензии

На последната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година.

Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од среда, 26.01.2022 година, а готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи, според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 26.01.2022 година (среда);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.01.2022 година (четврток);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 28.01.2022 година (петок); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се изврши на 31.01.2022 година (понеделник).

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …