Руски хеликоптери

Пентагон тврди дека дополнителни руски трупи доаѓаат кон границата со Украина

САД објавија дека Русија продолжува да го зголемува бројот на воени сили што се стационираат на границата со Украина, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. 

„Продолжуваме да забележуваме, вклучително и последните 24 часа, дека дополнителен капацитет пристигнува од другите региони на Русија кон границата со Украина и Белорусија“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

„Нема да даваме конкретни бројки, но силите продолжуваат да се зголемуваат“, додаде тој, наведувајќи дека сега се присутни повеќе од 100.000 војници. Кирби рече дека има знаци и дека други тактички групи се на пат.

Инаку, во Белорусија денеска започнаа 10-дневните заеднички воени вежби на руските и белоруските воени сили, кои се случуваат во екот на стравувањата од напад на Русија врз Украина. Белорусија има граница со Украина во должина од над 1.080 километри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди распоредувањето на руски војници на границата со Украина, пренесува Би-Би-Си. 

„Акумулацијата на сили на границата е психолошки притисок од нашите соседи“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …